ВМРО-ДПМНЕ има 54 градоначалници, СДСМ осум ,еден помалку од ВРЕДИ

Од:

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, според резултати од двата круга на локалните избори, ќе има градоначалници во Скопје и во 53 општини.

Втора по бројот на освоени градоначалнички места е коалиицијата ВРЕДИ со девет. Коалицијата на СДСМ ќе има осум градоначалници, НАИ 5, а Движење ЗНАМ, Демократската партија на Турците и Унијата на Ромите, по еден градоначалник. Две општини ќе ги водат независни кандидати.

На вториот изборен круг вчера се избираа градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. На 19 октомври, пак, во првиот круг, беа избрани 44 градоначалници.

Во четири општини – Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше вчера немаше гласање. Причината е недоволниот одѕив на гласачи во првиот круг, поради што ќе се спроведе нова изборна постапка во рок од 60 дена од објавувањето на конечните резултати од Локалните избори 2025.

Ова се осми Локални избори во земјата, а четврти на кои избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје.

На Локалните избори 2025 учествуваа вкупно 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи односно независни кандидатури.

Би можело да ве интересира

До 19 часот гласаa 242 од пријавените 248 болни или немоќни лица во Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа

Горан Наумовски

До 15.30 часот во Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа гласале 242 болни или немоќни лица од пријавените 249

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски

Болните и затворениците гласаат денеска пред утрешните повторени избори во четири општини

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Во четири општини почна изборната кампања за гласањето за градоначалник на повторените избори на 11 јануари