ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да престанат со лагите, обиколницата е проект на НДМ

Од:

Во вчерашните меѓупартиски обвинувања околу вината за поплавите, СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека пуштил ризична обиколница, а од ВМРО-ДПМНЕ вратија дека обиколницата е проект на СДСМ.

Ваквите тврдења на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се тешки лаги и манипулациии.

Скопската обиколница од идеја до проект е дело на членот на Извршниот комитет на НДМ Ѓорги Тодоров во тоа време раководител на делот за сообраќај во Градскиот комитет за урбанизам, комунално-станбени работи, сообраќај и екологија.

Проектот на Тодоров предвидувал атмосферска канализација за води со 200 литри во секунда во трупот на автопатот кој водите ќе ги води до реката Вардар.

Меѓутоа, во фазата на тендер, проектот на Тодоров е изменет и наместо атмосферска канализација биле предвидени пропусти под трупот на автопатот кои се покажаа како недоволни за надојдената вода со што трупот на автопатот се појави како своевдина брана, пропустите не ја примија водата и дојде до преливање на водата.

Затоа, народот очекува одговор од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на следните прашања:

Кој и зошто го измени проектот на Тодоров во фазата на тендер и реализација?

Зошто и кај скопската обиколница продолжила праксата кај ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кога работите доаѓаат до тендерската фаза, зборот „тендер„ доведува до околности кои влијаат на поинакво однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ?

Следните избори ќе донесат нов политички избор во Македонија. Тоа веќе им е јасно на сите.

Новата влада предводена од НДМ, по промената на власта ќе застане во одбрана на народот и законите.

Одговорност за поплавите во кои загинаа 22 луѓе мора да има.

Би можело да ве интересира

„Единствена Македонија“: Скандалозно е што Заев избрал фукницонери кои си играат и учат како се води држава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Ана Ололовска

„Единствена Македонија“ официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Ана Ололовска

НДМ стана „Единствена Македонија“: Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија

Наум Локоски

НДМ: Нимиц ја крши резолуцијата 817, Македонија да го префрли спорот за името на правниот терен

Ана Ололовска

НДМ: Столтенберг да им пренесе на НАТО и ЕУ – Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!

Ана Ололовска