ВМРО-ДПМНЕ: И покрај наметнатата криза работевме за подобрување на животот на граѓаните

Од:

„Резултати од работењето и грижата на ВМРО-ДПМНЕ за граѓаните се евидентни.

ВМРО-ДПМНЕ вчера потпиша договор за нов модерен Клинички центар кој чини 72 милиони евра, со површина од 46.987 метри квадратни, составен од подземно ниво, девет ката и хелиодром.

Во текот на утрешниот ден свечено ќе се отвори Македонската Филхармонија која се простира на 12.400 метри, голема и мала сала со 1310 места и најсовремена технологија и опрема.

Деновиве отпочна и исплатата на земјоделските субвенции. Во период од 10 години земјоделците во ВМРО-ДПМНЕ препознаа најверен партнер, помагајќи им со субвенции во вредност од над 1 милијарда евра. Да потсетиме дека земјоделието изминативе 10 години стана една од најважните стопански гранки.

Во тек е изградбата на историски најобемните инфраструктурни зафати, автопатот Демир Капија – Смоквица, Миладиновци – Штип, Кичево – Охрид, реконструкцијата на патот Велес – Штип, како и автопатот Скопје – Куманово, но и многу други проекти во вредност исто така од над 1 милијарда евра.

Додека ВМРО-ДПМНЕ и покрај кризата креирана и наметната од СДС напорно работеше на подобрување на животот на граѓаните, Зоран Заев со своето анти-државно и деструктивно однесување ги загрозуваше највисоките државни и национални интереси, понижувајќи го сопствениот македонски народ неколку пати по ред.

Граѓаните ги препознаваат разликите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. Ваквото деструктивно однесување, насочено против граѓаните и државата, нема да трае. Ова однесување на Зоран Заев нема иднина“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ