ВМРО-ДПМНЕ: И покрај документи и сведочења за скандалот „Диво месо“ надлежните остануваат неми

Од:

Корупција, криминал, непочитување на законите и воопшто правните норми се одлика на Владата на СДС и ДУИ. Сето ова се гледа и во случајот Онкологија.
Анкетната комисија за скандалот на Клиниката за радиотерапија и онкологија не само што ги потврди сите коруптивно-криминални активности, туку посочи и на нови и важни факти и околности, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Самиот Извештај од ревизија укажува на низа неправилности како „информација за начинот и целта на реферирање/одобрување пред онколошки конзилиум не е писмено споделена па одделни лекари не ги реферирале воопшто лековите за новите пациенти и самостојно одлучувале за промена на терапија или започнувале нови тераписки режими“, потоа во истиот се вели и дека „во недостиг на официјални протоколи, пропуст е што листата со лекови од ФЗО со одобрени индикации за соодветни лекови не им е доставена писмено на лекарите како насока за препишување“. Значи, има Извештај од Државна ревизија, дополнително објавени документи од ВМРО-ДПМНЕ, сведочења на пациенти, нивни блиски, но надлежните остануваат неми. Нема никаков предмет за Онкологија, а во суштина нема никаква реакција, што остава простор за сомнеж дека криминалот се остава непречено да продолжи да тече. На сето ова наскоро ќе се стави крај! Едно е јасно, одговорност за дивото месо во здравството ќе има, со име и презиме“, се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми