ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ си „стокмија“ и изгласаа Деловник по свој терк

Од:

Власта реши и за нецела недела, иницираше, напиша, издискутира и со изгласа Деловник по свој терк.

Без опозиција, со 63 гласа за и ниту еден против, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со ги изгласаа новите собраниски правила за ограничување на дискусиите во комисиите, но не во сите, туку само за финансирање и буџет, за економски прашања, за уставните измени и за закони со европско знаме.

Не се ограничија дискусиите во Комисијата за труд и социјална политика каде има 15.000 амандмани на ДУИ на Законот за бранители. И она што остана од опозицијата во Собранието, НДП и ДПА не дадоа легитимитет на новиот Деловник и ја напуштија салата.

Претходно, Изет Зекири од партијата на Руфи Османи реагираше дека ваков Деловник нема да има легитимитет.

„На овој начин не се менува Деловникот. Се цензурираат пратениците. Ова е штетно за демократијата. Зошто не се ограничат дискусиите и во другите комисии? Праѓа Зеќири.

Укажа дека на „мала врата“ е протнат Деловникот во надлежната комисија, бидејќи немало кворум за неговото изгласување. Гласале и челновите и нивните заменици од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Не ја манипулирајте јавноста. Не поднесовте амандман и не сработевте за тие што ве гласаа“, реплицираше Александар Николовски.

„Лажете господине, јас не лажам.Не се носат закони на шверцерски начин“, рече Зеќири.

Ермира Мехмети укажа дека постои дијалог во Парламентот.

А денеска Собранието штанцаше закони под полна пареа. Без дискусии за нецела минута се изгласуваа закони, само со стискање на копчето.

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието