ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не прифатија државна награда „Киро Глигоров“

Од:

Мнозинството од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, не прифатија востановување на државна награда, која ќе го носи името на првиот претседател на независна Макеоднија, Киро Глигоров.

Многу нервоза, обвинувања, кавги, дофрлувања и навреди во собраниската сала, а вербално се повикуваше на единство.

„Вашите дискусии се мизерни, срамни и безобразни, и ова говори за вас. Киро Глигоров е првиот претседател на независна Македонија и тој факт не можете да го избришете. Немојте да бидете фалсификатори. Вие го избришавте Љубчо Георгиевски како основач. Си го сечете коренот. Ние немаме што да бришеме“, им прача Игор Ивановски на колегите од ВМРО-ДПМНЕ.

Влатко Ѓорчев потенцираше дека го почитува ликот на Глигоров, но не треба да се заборави ниту улогата на Јордан Мијалков, на Никола Кљусев, на Блаже Ристовски, на Мартин Треневски. Повика на единство и да престанат делбите.

„Ако го кажете ова на детектор на лаги, тој ќе цркнеше . Срамно е да се лаже“, одговори Ивановски

„Но левите, покажаа политичка незрелост за да се соочат со темните и светлите страни на некои личности. Киро Глигоров 42 години е ревносен бранител на Југославија“, рече Бонева, која упати серија критики на однесувања на Глигоров во минатото, на што жестоко се противставија опозициските пратеници.

Андреј Петров порача дека не може Аминта III да е поважен од Глигоров , кој рече, е Ататурк на македонската држава. Сега и баба му на Александар ќе ја видиме на споменик.

Вангел Пишев од ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека мафијата со шверц со нафта го направи атентатот врз Глигоров.

„Недостоинствено е вака да се говори за атентатот. 6 години Јанкуловска е министер, зошто ако сте имале сознанија не преземавте ништо и не докажавте кој стои зад атентатот“, одговори Петров.

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието