ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ се што вети реализира, додека СДСМ се што ветија излажаа

Од:

ВМРО-ДПМНЕ испрати писмено соопштение во врска со реакцијата на СДСМ на изјавата на Лилјана Кузмановска.

„СДС и Зоран Заев залудно се служат со лаги и манипулации. Ниту една бледа реакција не може да го побијат фактот дека владата на СДС и Заев е недомаќинска и расипничка влада.

Зоран Заев и Социјал-демократскиот сојуз, ги трошат парите на граѓаните за непродуктивни работи. Нивното расипништво го потврдува фактот што ја задолжија државата само по основ на аукции на државни хартии за 246 милиони евра, а притоа стопија и 177 милиони евра девизни резерви на државата. Околу 420 милиони евра потроши владата на СДС и Зоран Заев, а граѓаните од тоа не видоа никакво фајде.
Граѓаните увидоа дека СДС и Заев и покрај тоа што се на власт не реализираа ниту еден единствен реален проект од кои придобивка би имале токму граѓаните. СДС и Заев се откажаа од работењето за потребите и интересите на граѓаните, но никако не можат да се откажат од водење на луксузен и комотен живот.

Граѓаните ја знаат разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ се што вети реализира, додека СДС и Зоран Заев се што ветија, за се излажаа.

Граѓаните на локалните избори на 15-ти октомври ќе го казнат СДС и Заев. Граѓаните веќе никогаш нема да дозволат СДС и Заев да ги потцени, лаже и манипулира“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија