ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните знаат дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе вети проект тој и го реализира

Од:

ВМРО-ДПМНЕ е партија која се што ќе вети и исполнува. Граѓаните знаат дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе вети проект тој и го реализира. Автопатот Миладиновци – Штип, автопатот Смоквица – Демир Капија се доказ за тоа. Новите експресни патишта како Велес – Штип и Штип – Радовиш, но и експресниот пат Штип – Кочани кој беше испроектиран и почнат во време на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за работата која следува по 8-ми мај, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– СДС се неспособни две згради за факултети во кампусот на УКИМ кои ВМРО-ДПМНЕ им ги остави на ниво на карабини не можат седум години да ги завршат. Седум години се на власт, 600.000 граѓани живеат на раб на сиромаштија. Буквално секој трет граѓанин живее со 150 денари на ден. Додека земјите од регионот имаат над 50% раст на БДП од 2017 до 2023, Македонија има само 20%. Една странска инвестиција не донесоа, напротив се фалат со тие кои ги донесе ВМРО-ДПМНЕ. Најавија фабрика за електрични автомобили во Тетово, а компанијата со која така помпезно се фалеа банкротираше. Два километри автопат кон Блаце не можат да изградат со години, автопатот Кичево – Охрид кој им го остави ВМРО-ДПМНЕ не е мрднат од позициите како што беше пред доаѓањето на СДС. СДС не планира ништо да направи, ниту имаат капацитет за тоа, а тоа го видовме изминативе седум години – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ