ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните се жртви на нарушената безбедносна состојба и коалицијата на СДСМ со криминалот

Од:

„Зошто никој не е затворен за убиството на младото момче Мартин Јанушев и кој ги крие неговите соработници и оние кои му помогнаа да избега?

Ова е показател дека меѓу СДСМ и криминалот има знак на еднаквост. СДСМ го штити криминалот. СДСМ се надева дека медиумите под страв од власта ќе престанат да пишуваат и да бараат одговорност за нерасчистеното убиство во Струга, Чаир и секаде низ државата.

За сите скандали заедничко е дека сторителите и нивните соработници се на слобода, никој од МВР не презема одговорност, а медиумите молчат.



СДСМ може да се обидува да ги лаже граѓаните со манипулации и да одговара во името на министерството за внатрешни работи, но тоа не ја менува фактичката состојба. 



Фактичката состојба е дека граѓаните секојдневно се жртви на нарушената безбедносна состојба и коалицијата на СДСМ со криминалот. Секојдневно се множат нападнатите во разбојништва, рекет, насилства, грабежи и другите дела кои остануваат нерасчистени.



Зошто МВР молчи колку кривични пријави има од областа на насилниот криминал и од областа на имотните деликти кои се случиле минатиов период?


Колку од тие дела се расчистени? Колку од делата се сторени од криминалците амнестирани од Зоран Заев?



Одговорот на СДСМ е доказ дека МВР веќе не постои како државна институција туку функционира само како партиска организација на СДСМ“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ