ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните се гушат во загаден воздух, владата на СДС не презема ништо, а Шилегов глуми градски шарлатан

Од:

„Ветувањето на СДС за чист воздух е голема измама, се губат човечки животи а владата не превзема ништо.

Шилегов е градоначалник повеќе од еден месец, а СДС пола година раководи со владатаа нема суштински мерки против загаениот воздух.

Додека граѓаните се гушат во загадениот воздух, владата на СДС не презема никакви мерки, а Шилегов глуми градски шарлатан.

Мерните станици секој ден покажуваат опасно енормна загаденост на воздухот со ПМ10 честички, а мерки против загаденоста нема.

Додека владата на СДС се луксузира и вработува партиски војници, секојдневно болниците низ државата се полнат со пациенти кои имаат респираторни заболувања.

Граѓаните секој ден слушаат само бајати теми, а владата на СДС која е 6 месеци на власт не презема конкретни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот.

По стапката на владата на СДС тргнаа и нивните градоначалници.

Време е владата на СДС и нивните градоначалници да ги засукаат ракавите и да започнат да работат во спроведување на корисни мерки за подобрување на животот на граѓаните. СДС директно е виновен затоа што секој ден се губат човечки животи поради енормното загадување“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ