ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните ниту биле, ниту некогаш ќе бидат приоритет на СДСМ

Од:

„СДС ги излажа граѓаните во предизборието. Веќе минува првата година од кога СДС е на власт, а од повратот на ДДВ од 15 проценти нема ни трага ни глас. СДС во изминатиот период ги покажа своите приоритети. За СДС единствен приоритет е богатењето и лускузирањето на своите функционери, а не доброто на граѓаните. Граѓаните ниту биле приоритет на СДС ниту некогаш ќе бидат.

Со најголемиот буџет во македонската историја СДС имаше доволно пари за патните трошоци поголеми за 5.2 милиони евра повеќе од минатата година, пари кои ќе се трошат за покривање на скапите патувања на функционерите од власт. Додека за ветувањата кон граѓаните нема ниту денар. Токму таков е и случајот со повратот на ддв од 15 проценти кои СДС го ветуваше.

Владата на Зоран Заев и прес центарот на СДС може да ги повторува своите ветувања уште илјада пати, но граѓаните повеќе не им веруваат. СДС ветуваше дека ќе ги врати парите кај граѓаните, а со секој потег само дополнително ги осиромашува. СДС ветуваше дека парите ќе им ги врати на граѓаните со повратот на ддв, а наместо да ги врати им ги зема со новите акцизи за нафтата“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?