ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не сакаат измамници и манипулатори да им ја водат државата

Од:

„СДС наместо да се занимава со политиканство и опструкции, во најбрз можен рок заедно со парламентарното мнозинство да овозможи одржување на локални избори, кои се неопходни.

СДС наместо да ја замајува јавноста треба да овозможи непречено функционирање на единиците на локалната самоуправа до одржувањето на локалните избори, кои не смеат да трпат големи одложувања.

СДС треба да го надмине стравот и да покаже барем малку доблест и да се соочи со граѓаните на избори.

Ниту Никола Груевски, ниту ВМРО-ДПМНЕ се виновни затоа што СДС го пролонгира одржувањето на локалните избори. Стравот во редовите на СДС од соочување со граѓаните, кои ги разгневија со своите антидржавни политики е главниот виновник за кукавичкиот однос на СДС.

Добивањето на мандат на никаков начин не е поврзано со правото на граѓаните да имаат функционална локална самоуправа.

Дилемите на Заев и СДС какви обврски презеле од Тиранската Платформа и какви гаранции може да му понудат на претседателот Иванов не се на никаков начин поврзани ни со ВМРО-ДПМНЕ ни со Груевски.

Не треба граѓаните и единиците на локална самоуправа да страдаат поради калкулантството и стравот на СДС, кои наместо државните приоритети и интереси, секогаш ги ставаат партиските во прв ред.

На граѓаните им е преку глава од односот на СДС кон државата.

Граѓаните не сакаат измамници и манипулатори да им ја водат државата. Граѓаните се чувствуваат постизборно измамени и бараат парламентарни избори заедно со локалните“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски