ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните го плаќаат неспособното владеење на СДСМ со сопствените животи

Од:

„Системот се распаѓа, а граѓаните го плаќаат неспособното владеење на СДСМ со сопствените животи. Здравството веќе не може да одговори на потребите на граѓаните, а СДСМ се фали како Заев си танцува со пандемијата.

Лошото менаџирање со кризата, со секој изминат ден зема се повеќе жртви. Сите сме загрозени. Сите сме во опасност, а танчерите Заев, Спасовски и Филипче, живеат во паралелна реалност и се фалат како блескаво танцуваат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Неспособноста на владата предводена од СДСМ да се справи со корона вирусот од ден на ден резултира со се повеќе заболени и починати лица.

Од ден на ден се зголемува бројот на заразени лица и меѓу медицинскиот персонал. Станува збор за повеќе од 20 проценти од медицинските лица кои се заболени во болнички или амбулантски услови. Заболени се медицински лица од здравствени установи низ цела Македонија, како Скопје, Куманово, Дебар, Кавадарци, Битола, Охрид, Демир Хисар.

Медицински лица има и во самоизлоација. Меѓу нив се 14 од штипското инфективно одделение кои превентивно се во самоизолација, како и десеттина вработени во епидемиолошката служба на Центарот за јавно здравје во Гостивар.

Медицинскиот кадар е десеткуван, а главниот удар допрва се очекува!

Сега е време да се заштитат медицинските работници за што предлагаме:

1.Веднаш да се обезбеди соодветна опрема преку централна набавка со цел да се има увид дали има доволно опрема за медицинските лица.

2. Да се стартува со тестирање на поголем број на лица, а пред се на здравствените работници.

3. Потребно е да се побара помош од сите држави и меѓународни институции кои можат тоа да го направат.

Не е време за себепромоција. Не е време за популизам. Нема време за чекање. Време е за мерки кои треба да се спроведат веднаш! Време е за ефикасно справување со корона вирусот! Не доцнете повеќе, ако треба помош ВМРО-ДПМНЕ е тука“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски