ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните ги очекуваат реформите кои што СДСМ ги вети

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на соопштението на СДСМ.

„Антиреформската влада на СДС нема да може бесконечно да користи кредити употребувајќи го зборот „ќе“.

Граѓаните очекуваат минимална плата од 16.000, а просечна од 30.000 денари. Граѓаните очекуваат и покачени пензии, а специјалистите плата од 100.000 денари. Граѓаните очекуваат нови 500 километри автопат. Тоа се ветувањата кои ги даде СДС.

Креирањето на хајки, измислувањето на афери и манипулациите се силна страна на СДС, но тоа нема да им донесе придобивки на граѓаните ниту на краток, ниту на среден, ниту на долг рок.

Граѓаните знаат што направи ВМРО-ДПМНЕ додека ја водеше владата.

ВМРО-ДПМНЕ успеа да отвори повеќе од 160.000 нови работни места и да ја намали невработеноста на 23%. Факт е дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на земјоделците им додели повеќе од 1 милијарда евра во субвенции, на пензионерите им ги покачи пензиите, воведе минимална плата со прогресивен проектиран раст. Затоа ВМРО-ДПМНЕ победи на 10-те последни изборни циклуси.

СДС ќе треба да одбере дали има капацитет и ќе се обиди да се приближи на овие достигнувања или ќе се занимава само со ВМРО-ДПМНЕ оставајќи им ги на граѓаните само ветувањата“ велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?