ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

Од:

Изминатите 7-8 години, СДС заедно со нивниот коалиционен партнер ДУИ, го контаминираа правосудството, инфилтрирајќи свои кадри во македонското обвинителство и судство. Од судски Совет, Совет на јавни обвинители, државен јавен обвинител, врховни судии и итн, СДС и ДУИ го урнисаа правосудството кое има 2% доверба од граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Функционерите на СДС и ДУИ за кои имаше сомнежи дека имаат сторено криминал и корупција, не беа викани ниту на разговори, ниту пак беа осудувани, што впрочем гледаме дека денес кадри на ВМРО-ДПМНЕ не се изолираат од одговорност – доколку има доказ за истото. Така да, граѓаните да бидат спокојни. ВМРО-ДПМНЕ нема да оди по стапките на СДС и ДУИ, туку ќе оди по стапките на правдата и одговорноста. Не смее некој што сторил криминал да биде заштитен од страна на правосудството во државата“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?