ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните бараат одговор од власта, зошто се дадени 40 милиони евра за лиценци

Од:

Сеуште нема одговор од власта и институциите, зошто се дадени рекордни пари за тендери за лиценци, во три години, 15 па 25 милиони евра, за една иста услуга? Дали причината се колегијалните односи, помеѓу Ковачевски со Марко Андонов од Аитоникс, кој во тоа време бил колега на Ковачевски, тогаш министер, а сега премиер, се вели во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во 2021-ва година Андонов, колегата на Ковачевски, владата го прифатила за конзул на Грузија во Македонија и притоа му отвора конзулат. Како е можно во нормална држава, на странски дипломати, да се доделува ваков тип на договори, односно лиценци за програми, кои треба да овозможат и безбедност? Може власта да ги крие одговорите пред јавноста, но не за долго. Одговорност ќе има веднаш, по формирањето на новата влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ