ВМРО-ДПМНЕ: Град Скопје со Петре Шилегов стана мала Венеција

Од:

Љупчо Миовски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека жална е сликата за Скопје денес, поплавено, под вода, хаотично, а граѓаните биле препуштени сами на себе.

– Булеварот Партизанска, кој никогаш порано во историја на Скопје не бил поплавен, денес е под вода. Тоа е последица поради лошата изведба на неодамнешната реконструкција и неодржувањето на булеварите од градот Скопје и Петре Шилегов. Ова е сликата денес и во Аеродром, и во Кисела Вода, и во Гази Баба и во Ѓорче Петров и Бутел. Петре Шилегов треба да знае дека функцијата градоначалник освен привилегии носи и одговорности, рече Миовски.

Тој изјави дека Шилегов демонстрирал неспособност како и неговиот шеф Зоран Заев.

– Оваа слика ќе се памети како град Скопје со Петре Шилегов стана мала Венеција. Граѓаните се препуштени сами на себе. Градските служби и Шилегов ги нема никаде. Бараме итна мобилизација на службите со цел да излезат во пресрет на граѓаните. Петре Шилегов наместо да се фали со проекти како автобуска станици, ваучери за алкохолизирани лица, нека ги засука ракавите и нека почне да ги си исполнува своите должности, рече Миовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал