ВМРО-ДПМНЕ: Говорот на Заев е показател за стравот и паниката од поразот кој СДСМ ќе го доживее на изборите

Од:

ВМРО-ДПМНЕ испрати писмено соопштение, реакција на вечерашниот говор на Зоран Заев на митингот во Битола.

„Вечерашниот говор на Зоран Заев е најдобар показател за стравот и паниката од поразот кој СДС ќе го доживее на овие избори.

Зоран Заев е преплашен човек, затоа што знае дека народот ќе го порази. Видовме бледо издание, говор полн со омраза, навреди, приземни лаги и лажни ветувања, препознатлив стил за СДС.

Еве ги резултатите на животот на СДС:

Севизните резерви се намалени над 178 м евра.

240 милиони евра ново задолжува само по основ на издадени државни хартии од вредност.

Два последователни падови на просечната плата за 1.3 и пад на индустриското производство 2,2%.

Пад на извозот за јуни и јули и тоа 12% односно 52 милиони евра со што му нанесе голема штета на домашното стопанство.

Прометот во индустријата во јули во однос на јуни годинава е намален за 9,1 процент.

100 милиони евра странски инвестиции помалку.

Под знак прашање се 60 тина странски инвестиции кои може да донесат над 25 илјади работни места.

Почитувани,

Лагите манипулациите и приземното ниво на комуникација му го препуштаме на Зоран Заев и СДС, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да говори со факти, аргументи и да нуди решенија кој ќе значат подобар живот за граѓаните“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија