ВМРО-ДПМНЕ го промовира кандидатот за Крушево, Ѓорги Дамчевски

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ вечерва го промовираа кандидатот за градоначалник на Крушево, Ѓорги Дамчевски.

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, Дамчевски истакна дека во изминатите четири години во овој град изградена е Спомен куќата на Тодор Проески, градскиот пазар, каптирани се неколку нови извори на планинска вода за пиење, изграден е плоштад „Никола Мартиноски“, фонтана, извршена е реконструкција на крушевските скали, изградено е фудбалско игралиште, рекреативни патеки околу езеро…

Приоритетите на Дамчевски за наредниот четиригодишен мандат се поврзани со економското закрепнување на градот во тесна соработка со Владата на Република Македонија.

Мојата визија за развој на Крушево опфаќа креирање на нови работни места, со отворање на индустриската зона „Сува Река-Опаленик“ и привлекување на странски инвеститори. Реконструкција на секундарната водоводна мрежа низ градот со цел намалување на загубите на вода, изградба на дом за стари лица, со кој ќе се обезбеди адекватно згрижување на старите лица и би се отвориле нови работни места, рече Дамчевски.

Би можело да ве интересира

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно

Станивуковиќ со поддршка за Додик: „Процесот е политички наместен“

Предраг Петровиќ