ВМРО-ДПМНЕ ги повикува ДИК и меѓународната заедница да реагираат на планот на СДСМ за користење на полицијата за партиски цели

Од:

ВМРО-ДПМНЕ испрати писмено соопштение, реакција на соопштението на СДСМ во врска со изјавата на Орце Ѓорѓиевски.

„СДС ја партизира државата и државните институции ги става под јаремот на партијата.

СДС се фатени на дело, сите видовме како Заев и Спасовсκи пρават стρатегија за потκуп на гласачите пρеκу план за ангажиρање на полицијата во нивна партиска фунκција.

Ова типичен пример за користење на полицијата во партиски цели, ваквото делување не смее да остане незабележано и неказнето.

ВМРО-ДПМНЕ ја повикува ДИК и претставниците на меѓународната заедница да реагираат и да го осудат овој тежок скандал.

СДС се свесни за својот слаб рејтинг во поголемиот број на општини во Република Македонија и токму заради тоа сакаат од полицијата да направат партиска алатка за добивање на изборите.

Заев, Спасовски и сите соизвршители на овој план за злоупотреба на државните институции во полза на СДС треба да знаат дека одговорност за сите незаконски постапки ќе има, со враќањето на демократијата и правната држава во Република Македонија сите извршители на незаконски дејствија ќе се сносат со соодветна кривична одоговорност“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија