А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ги осудува националистичките испади на протестите во Грција и палењето на македонското знаме

by А1он22/01/2018 - 16:03188
Share0

„ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува националистичките испади на вчерашните протести во Република Грција, но и објавувањето на мапи во грчките медиуми во кои се дели територијата на Република Македонија. Ваквите испади не придонесуваат за подобрување на меѓусоседските односи и градење на клима на доверба меѓу Македонија и Грција.

Добивај вести на вибер

Палењето на македонското национално знаме, извикувањето на иредентистички пароли и дефилирањето во воени и паравоени униформи се сосема спротивни на демократијата и меѓусебното почитување кое треба да го градат двете земји.

Министерството за надворешни работи на Република Македонија мора посериозно да ги сфати сите овие непријателски гестови од страна на поединци и групи во соседна Грција и преку дипломатска нота да побара соодветна реакција од грчка страна и санкционирање на лицата кои ги подриваат меѓусоседските односи.

Пораките кои вчера беа испратени од протестите во Солун се навредливи за секој Македонец, а МНР има обврска да го штити нашето национално достоинство.

Историјата вели дека, Андартите преставуваат паравоена структура која дејствувала во 19 век извршувајќи злосторства врз македонскиот народ. Лица во такви униформи дефилираа на вчерашните протести на кои присуствуваа и голем број лица од јавниот и политичкиот живот на соседна Грција. Пораката што се испрати е исклучително лоша и таа мора да биде жестоко осудена и од македонска и од грчка страна“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:11

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:08

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Горан Наумовски24/02/2026 - 09:19

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 12:4822/02/2026 - 13:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен