ВМРО-ДПМНЕ: Ги градиме темелите на промените, доаѓа времето на Македонија

Од:

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во локалниот развој. Државната поддршка со проекти на локално ниво, како изградба на спортски сали, базени, културни центри е со цел и фокус на подобрување на животниот стандард на граѓаните како и создавање современи услови за рекреација на младите насекаде низ државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„За таа цел, во Куманово се пушти во употреба реконструирана спортска сала. Реконструкцијата на спортската сала во Куманово започна во октомври 2023 година, и досега се потрошени околу 4 милиони евра. Заменет е кровот и трибините, реновирана е внатрешноста на објектот, поставен е нов паркет, електротехничка аудио и видео опрема и мултифункционален семафор.

Во Кисела Вода беше пуштен во употреба новиот затворен базен во состав на основното училиште „Невена Георгиева Дуња“. Техничките карактеристики на базенот се: должина 30 метри, ширина 20 метри, со габаритна површина од 600 квадратни метри, со димензија на коритото 9×25 метри и со длабочина на коритото за пливање од 80 сантиметри до 120 сантиметри. Во склоп на базенот се вградени машински инсталации најнеопходни за функционирање и работа на затворен пливачки базен. Пратечки простории изведени во склоп на објектот се: санитарии и гардероби поделени во два дела – машки и женски дел. Цената на чинење на базенот во Кисела Вода изнесува 46.551.713 денари.

Овие инвестиции на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се дел од пошироката визија за создавање на урбани, безбедни и современо опремени јавни простори кои ќе служат за спорт рекреација, култура и заеднички активности. Се потпиша Договор за реконструкција на мултифункционален културен центар во Ново Лисиче, вреден 99 милиони денари. Ова претставува ново поглавје за културата во Општина Аеродром, во која не постои културен центар, а ќе биде значаен особено за културната сцена.

Мултифункционалниот центар во Ново Лисиче ќе се гради со финансии од Министерството за култура и туризам во износ од речиси 99 милиони денари во првата фаза, на површина од 1400 квадратни метри, а во него ќе има киносала со 245 столчиња, простор за изложби, како и канцеларии и соби за техника. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со интензивна соработка со локалните самоуправи со цел да се создадат услови за одржлив развој и повисок животен стандард на граѓаните низ сите општини во државата. Ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски сака да го бетонизира Влае

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

Николоски од Брвеница: Со градоначалникот Илиевски ја развиваме Брвеница, опонентите се нервозни, ветуваме специјален буџет за нови проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Али Експрес левичарите си измислуваат приказни во кои само тие си веруваат

(ВИДЕО) Митева: Стевчо Јакимовски и неговите пајташи од градежната мафија сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите градоначалници работеа со визија, во многу општини го надминаа ветеното

Горан Наумовски