ВМРО-ДПМНЕ: Георгиевски говори за чистење на канали, а како советник во општина Гази Баба гласаше против нивно чистење

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Борче Георгиевски од СДСМ.

„Колку е важна Гази Баба на СДС покажува што првата мерка на новата влада беше кратење на средствата за градба на новиот старечки дом во Маџари, средствата на новото ОУ „Крсте Петков Мисирков“, и новата градинка во Стајковци. Придонесот на СДС во Гази Баба е еднаков на нула.

Дополнително Борче Георгиевски лаже како Зоран Заев.

Борче без тронка срам излегува на прес конференција и говори за чистење на канали, кој самиот како советник во општината на Гази Баба гласаше против нивното чистење.

Каналите во општина Гази Баба се чистат редовно и тоа го знаат и советниците на СДС кои на седниците на советите на општината ги гледаат извештаите за исчистените канали.

Што се однесува до градбата на фекална канализација таа е во тек. Фекалната канализација од потегот на Вардар па се до Јурумлери е изградена.

Додека пак изградбата на пречистителната станица ќе започне од следната недела кога и ќе се распише тендер за изградба на секундарната мрежа во Јурумлери, при што дел од граѓаните ќе бидат приклучени на системот до крајот на годината. Самиот проект е инвестиција од 100 милиони денари.

Што се однесува до градбата на клучката, општината на барање на граѓаните пристапи кон пешачка зона и проширување на коловозот по што треба да се пристапи кон градба на самата клучка, што е проект кој треба да го реализира Агенцијата за патишта која е под контрола на владата на СДС.

Со овие лаги Георгиевски нема да га успее да ги изманипулира граѓаните на општина Гази баба, тој е веќе прочитан како и неговата партија СДС.

Георгиевски е лик со сомнителен морален кредибилитет против кого има кривични пријави за фалсификување на патни исправи. Овој лик не може да биде иднината на Гази Баба исто како и СДС која нема реализирано ниту еден проект во општина Гази Баба сега како и во периодите кога ја водеа владата.

Граѓаните на претстојните локални избори на 15-ти октомври ќе ги казнат на СДС и криминалните ликови како Георгиевски“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ