ВМРО-ДПМНЕ: Георгиев призна дека земал 10.000 евра за да ја ублажи затворската казна на Боро Марлборо од СДС

Од:

Наќе Георгиев човекот на Заев во судството призна поткуп, правдата доаѓа, одговорност ќе има за сите. Наќе Георгиев призна дека земал 10.000 евра за да ја ублажи затворската казна на Боро Марлборо од СДС кој беше жив фатен како шверцува цигари. Наќе Георгиев е олицетворение на Заев и Филипче во судството. Во време на СДС тој експресно напредува од обичен судија до судија во Врховен суд и член на Судскиот совет, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Покрај Наќе Георгиев вина признал и Иџет Мемети, заменик претседател на Советот на јавни обвинители. И тој како Георгиев кажал дека земале поткуп за да ја ублажат казната за Боро Марлборо. Наќе Георгиев е пример за штетата која ја нанесе СДС врз судството. Заради Наќе Георгиев и кадрите кои тој ги поставувал народот има 2% доверба во судството. Доаѓа одговорност“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?