ВМРО-ДПМНЕ: Функционерите од СДС молчат, а ДКСК и институциите не реагираат, денес во 12 часот нови детали за аферата „Тајни имоти“

Од:

„Функционерите од СДС молчат, а ДКСК и институциите не реагираат, денес во 12 часот нови детали за аферата „Тајни имоти“. 123 функционери од власта кријат имот од 30 милиони евра со месеци, а дел од нив со години и институциите не реагираат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Не може да биде системски пропуст кога 123 лица немаат пријавено имот, може да биде само системско криење.

ДКСК наместо да чека поднесок, треба да почне да си ја работи работата. Како за дезертерот Ковачевски побрзаа да го амнестираат, па потоа кога ги пушти низ вода и сам призна се, а ВМРО-ДПМНЕ поднесе претставка молчат. Што ќе се смени сега?

Наместо да чекаат ДКСК, но и другите институции треба да почнат да постапуваат.

Законите се јасни, но очигледно со СДС на власт, тие не важат за нивните функционери.

Функционерите од власта и ДКСК имаа време да се пријават или отворат постапки. Но наместо извинување кон граѓаните и оставки тие молчат. Затоа денес во 12 часот ВМРО-ДПМНЕ продолжува со изнесување на нови детали од аферата „Тајни имоти“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Наместо префрлање на топката од ДКСК на Владата, власта нека започне со разрешување на 120-те функционери

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Петрушевски: Претседател и членови на комитетот за одобрување на инвестиции на ФИТР не поднеле анкетни листови, а одлучуваат за милиони

Горан Наумовски

Ковачевски за аферата „Тајни имоти“: Јас немам сознанија, сè што имаат нека достават до Антикорупциска

Маја Илиевска-Пачемска

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ функционира во нелегално стекнат имот, се што има нека достави до надлежните институции

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да не учествува во криминал и да антидатира анкетни листови на луѓе од власта на СДС

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Петрушевски: Нови детали од аферата „Тајни имоти“, се кријат градежни фирми, станови, куќи и скапи возила

Ана Ололовска