ВМРО-ДПМНЕ: Фирма во сопственост на колега на Ковачевски добива тендери од 40 милиони евра за лиценци за софтвер

Од:

Димитар Ковачевски на својот пријател и колега Марко Андонов преку фирмата Аитоникс директно преку два тендери му дава 40 милиони евра, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Два тендера за софтверски лиценци во рок од 3 години, најпрвно 15 милиони евра во 2020 година и 25 милиони евра во 2023 година.
Фирмата Аитоникс е во сопственост на Марко Андонов, кои владата го именувала за почесен конзул Грузија во Македонија, тоа значи дека истиот добива дипломатски статус со задача да ги промовира интересите на странска влада која го назначува.
Тендерите кои фирмата Аитоникс ги добива се за лиценци за компјутерски програми и со тоа би требало да гарантираат сајбер безбедност.

Како фирма која ја води конзул на друга држава би гарантирала сајбер безбедност во Македонија?

Тотална неспособност и забеганост на владата на ДУИ и СДС е пресликана во целосната незбедност од сајбер напади врз државните институции кога блиски луѓе на Ковачевски ги добиваат тендерите кои треба да обезбедат безбедност на системите во Македонија.

Владата на Ковачевски плаќа 40 милиони евра за софтвери за лиценци на фирма која ја води конзул на друга држава, а цела година училиштата беа цел на сајбер напади.

Институциите треба да се одважат и да постапат за овој случај, каде конзул на друга држава во Македонија добива тендери во износ од над 40 милиони евра. Тендери во кои постојат сериозни индиции за влијание и корупција“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка

Мицкоски ги соопшти имињата на членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки ќе биде нов генерален секретар на партијата

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски