ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, Заев и Зобек Мининг креирале криминални шеми преку кои направиле милионски профити

Од:

Филипче со денови молчи за бугарската фирма Пауер Ај 8, која е во негова 100% сопственост, а ја основал на 18.11.2022 година, со седиште во Петрич на улица Гоце Делчев бр. 12, адреса каде што се регистрирани и многу од фирмите на Заеви. Филипче молчи и за три пати поскапата препродажба на јаглен од Грција на ЕСМ од 2022 до 2024 година, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Молк од Филипче и за најскапиот договор за јаглен, кој го склучила ЕСМ, а е по цена од 82.5 евра за еден тон со вкалкулиран ДДВ, е со компанијата „Зобек мининг груп“. Зобек мининг груп е компанија која води директно до Венко Филипче.

Филипче не дава одговор ниту за Аудито Q8 кое го возеше и во предизборната кампања а е купено од фирмата која продавала 3 пати поскап јаглен на ЕСМ. Кланот Заеви и Филипче создале криминална шема од фирми преку кои профитирале милионски суми од препродажба на јаглен во моменти кога државата била во енергетска криза, а граѓаните плаќале поскапа струја. За овие криминални шеми на Филипче, Заев и Зобек Мининг одговорност мора да има. ЈО да отвори истрага и да поведе постапка, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ