ВМРО-ДПМНЕ: Филипче во анкетниот лист ја сокрил фирмата која е на иста адреса со фирми на семејството Заеви во Петрич

Од:

Претседателската функција на Венко Филипче како да беше загарантирана во СДС од страна на Зоран Заев. Сознанија дека има поврзаност на бизнисите на Заев со Филипче, поточно на мрежата бизниси во бугарски Петрич, Струмица и Скопје, потоа сомнителните милионски бизниси и дека истите ги започнале додека двајцата беа на функции, веќе беа објавени во јавноста. Но, јавноста остана покуса за одговори. Филипче откако стана пратеник не даде целосни информации во анкетниот лист доставен до Антикорупциска, поточно не ја пријавил фирмата за недвижности во Бугарија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче сокрил од јавноста дека откако завршил со министерската функција одлучил да влезе во приватен бизнис со недвижности. Во ноември 2022 година регистрирал фирма за недвижности во Петрич, Бугарија на улица Гоце Делчев 12. Фирмата за недвижности се вика Power i8 Ltd, а како единствен сопственик, воедно и управител на фирмата со дејности купување, изградба и продажба на недвижнини е Филипче, потоа се додаваат и други дејности. На истата адреса се водат и фирми на роднините на Заев, братот и братучедите Вице, Трајче и Бобан Заеви. Непријавувањето на фирмата во анкетниот лист која се води на иста адреса со низа на други фирми на Заеви отвора сомнеж за дејствувањето на Филипче. Се отвораат прашања како зошто не ја пријавил фирмата, што крие Филипче, дали е дел од шема на фирми кои правеле милиони? Одговори на овие и други прашања следат на денешната прес-конференција“, твдат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка

Мицкоски ги соопшти имињата на членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки ќе биде нов генерален секретар на партијата

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче со конкретно решение: Преку ребаланс се обезбедуваат и до 200 милиони евра за плати

Филипче: Македонија мора да да се движи кон напредок, а не кон изолација

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ