ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да се одважат и да кажат чива е јахтата со која се луксузираат на Егејското Море

Од:

Луксузирањето, скапите јахти, скапите гоштевања и чаламот е секојдневието на Филипче и Заев. Додека од една страна СДС преку прес-конференции и соопштенија вели дека во Македонија тешко се живее и стандардот на граѓаните опаѓал, гледаме дека Филипче го докажува сосема спротивното. Со лекарска плата тој заедно со неговиот ментор Заев пловат на Егејското Море, најверојатно со сидрото кое ги влече, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Секако, не е проблем некој да оди на одмор, туку проблемот е во лицемерието на Филипче и СДС, коишто велат дека во Македонија тешко се живее и едвај се врзува крај со крај, а од друга страна го гледаме вистинското лице на Филипче кој ужива на скапи јахти, во скапи ресторани и скапи апартмани.

Исто така, Филипче и Заев, треба да одговорат, дали јахтата во којашто се возеа, е изнајмена или пак е на Филипче или Заев? Или можеби заеднички ја купиле? Доколку испадне дека јахтата е во сопственост на еден од нив, се поставува логичното прашање, како се купува јахта со лекарска, пратеничка или пак премиерска плата?

Филипче и Заев им должат одговор на граѓаните. Седум години ја распродаваа и уништуваа државата, а сега ги гледаме како лицемерно и без срам се луксузираат на скапите јахти и скапите ресторани, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ