ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Славјанка предремаа седум годишна брутална злоупотреба од ДУИ

Од:

Од партијата која на тацна ја даде Македонија кога ги силуваа институциите и ограбуваа не кажаа ниту збор. И кога секогаш ќе поддржеа нешто од СДС, овие испорачуваа плус 10 пати повеќе. Во нормална држава Филипче би се срамел од дома да излезе. Jасно е дека се тепа да стане претседател на СДС зашто мисли дека тоа ќе го спаси од одговорност зашто тој и неговиот духовен водач Зоран Заев така функционирале. Но се ќе излезе на видела. Македонија не заборава, народот памети, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Што се однесува до Славјанка, немаме што да кажеме освен дека е безлична личност во македонската политика. Дури и на ниво на декор е безлична и без никаква суштина. Како оние празни вазни во трговски центри кои ги гледаме дека се тука внимаваме да не се удриме во нив, а кога ќе се запрашаме што бараат тука, сфаќаме дека немале кај да ги стават и оставени се така празни.

Венко и Славјанка се клучен дел за поразот на СДС и нивниот поданички однос кон Заев и Ковачески ги донесе СДС до ова дереже до кое се денес. ВМРО-ДПМНЕ своето прво ветување го исполни. ДУИ е во опозиција. Со се нивните потрчковци од СДС. Следува одговорност за сите. Смирете се и без нервози“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?