ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го демантира Венко, пред една година славеше со Заев за францускиот предлог сега предлага „црвени линии“ за власт и спас на фотелјата во СДС

Од:

Филипче го демантира Венко, по стапките на неговиот ментор како што Зоран го демантираше Заев. Политичката недоследност и дволичност на Филипче оди до таму што предлага „црвени линии“ за заштита од францускиот предлог за кој пред една година самиот го прогласи за дипломатска победа, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

– Самиот Филипче на 1 октомври 2024 година на прес-конференција изјави дека францускиот предлог е победа и голем успех на нашата дипломатија, за денес само после 1 година да предлага наводно патриотски црвени линии против предлогот којшто го славеше.

Кога лаже Венко? Кога славеше со Заев и тврдеше дека францускиот предлог е дипломатска победа или лаже денес кога нуди предлог резолуција со црвени линии која е всушност во интерес на источниот сосед?

Што се смени во меѓувреме, освен интересите на Филипче и неговиот ментор Заев?

Филипче и СДС не се водени од државниот интерес туку од политички калкулации, личен бенефит и обид да се задржи Филипче на врвот на СДС.

Предлог резолуцијата со црвени линии на Филипче не е ништо друго освен дополнително поттчинување на Македонија со цел СДС да се испазари за да дојде на власт со надеж дека источниот сосед или некој од меѓународната заедница ќе им помогне. И обид во најмала рака Филипче да ја задржи фотелјата во СДС.

Филипче ќе направи се, само да дојде на власт, а со предлогот со црвени линии, дополнително би ја потчинил Република Македонија на ист начин како што тоа го направи Бујар Османи со францускиот предлог и анексите коишто ги прифати во корист на соседна Софија.

Граѓаните ја препознаваат шемата на СДС, шемата на Заев и Филипче со патриотизмот. Граѓаните знаат дека СДС во коалиција со ДУИ ја уназадија Македонија и ги подриваа позициите на земјата.

Затоа наместо Филипче да нуди предлог резолуции со црвени линии, по катастрофалниот пораз на овие избори нека спреми предлог за сериозни реформи во СДС.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи Филипче да го заврши предавството што го започнаа Заев и Бујар Османи. ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто на своите принципи, Македонија никогаш повеќе нема да биде понижена и уценувана, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Резолуција во Собранието за да се запрат мигранитие, ако не помине ќе одиме на протест – најави Филипче

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Тајните договори со Британија отвораат сомнеж за мигрантска гласачка машинерија на ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Ние ја продолживме светиклиментовата мисија, и денес македонскиот јазик е еден од официјалните јазици во светот

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“