ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже зошто пет стана кои ги пријавил сега, не ги пријавил првпат кога станал функционер?

Од:

Венко Филипче да каже како пет стана кои ги пријавил сега, а ги имал пред да биде министер не ги пријавил првпат кога станал функционер? Што крие Венко Филипче? Анкетните листови на министерот Филипче и пратеникот Филипче се дијаметрално спротивни. Во анкетниот лист на Филипче како пратеник има 5 стана, кои тој како што навел самиот ги поседувал пред да стане министер, но проблемот е во тоа што тој тогаш не ги пријавил, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зошто Филипче не ги пријавил становите во Скопје во 2018 година? Зошто криел имот Филипче, се работи ли за законски стекнат имот или не? ДКСК да отвори случај. ЈО да се заинтересира за Филипче“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

Горан Наумовски