ВМРО-ДПМНЕ: Европски ли беше воодушевувањето на Груби и пиењето кафе со членови на подземјето, и лица обвинети за сериозни криминали?

Од:

Како Груби помогна на ширење на европската идеја? Европски ли беа парите со кои неговиот брат под супер поволни услови стана газда на деловен објект на улица „Македонија“? Европски ли беа шамарите на бандите на ДУИ во контролата на летање? Европски ли беше потегот со кој внукот на Ахмети кога не пука петарди, станува газда на деловната зграда „Соравија“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

– Европски ли беше воодушевувањето на Груби и пиењето кафе со членови на подземјето, и лица обвинети за сериозни криминали? Европски ли беше стекнувањето по багателна цена на хотелот на Шапка? Европски ли е новиот закон за игри на среќа каде се штитат интереси на власта? Европски ли беа несреќите во Тетово и Ласкарци? Знае ли Груби дека Дурмо турс уште превозува патници?

Европска ли е забавата на државна сметка во министерството на Груби прославувајќи го роденденот на Ахмети? Кој од ДУИ е поголем Европеец, дали е тоа Рамиз Мерко што е на црна листа САД или Исмет Гури кој го пуштија да избега од затвор? Патем како е со огнометот на Дрин? Дали тој испушти европски звук кога го пукаа? Европски ли е замокот на Ахмети во Зајас, кој е по теркот на тој на Пабло Ескобар од Колумбија? Го молиме Груби да одговори што од овие потези е европски чекор – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ