ВМРО-ДПМНЕ: Eпидемијата на корупција однела 500 милиони долари

Од:

Стратешките партнери на Македонија издвоиле 500 милиони долари за борба против корупцијата, а Македонија има епидемија од корупција. Власта на тандемот СДС и ДУИ е 7 години власт, министер за внатрешни работи 9 гoдини по ред е Оливер Спасовски, а има епидемија од корупција и довербата во судството сега е пониска од било кога порано, е нагласено во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

– Само 2% доверба во судството е заради криминалот и корупцијата кои ја јадат државата. 500 милиони долари завршиле во Македонија за борба против корупцијата, криминалот и подобрување на владеењето на правото. Наместо подобрување, ефектот е зголемена корупција, Македонија тоне во криминал, а тој го прави врвот на власта.

МВР, Управата за Финансиска полиција, Царинската Управа, УЈП, Управата за финансиско разузнавање 7 години се водени од структури на СДС и ДУИ, 7 години неказнивост. Ако 500 милиони долари се потрошиле за борба против корупцијата, а корупцијата цвета тогаш главните прашања се зошто никој не е во затвор и каде завршија парите? За криминалот на оваа власт не кажува веќе само ВМРО-ДПМНЕ кажуваат и меѓународни институции и агенции – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ