ВМРО-ДПМНЕ: Експериментот наречен Заев доживеа тотално фијаско и заврши

Од:

„Власта на Заев е неспособна и криминална. Зоран Заев е виновен зошто Македонија 3 години се движи во погрешна насока. Неспособноста на Заев и неговата криминална власт 3 години не турка кон дното и на македонскиот народ му донесе само неправди и порази. Граѓаните живеат во апатија токму поради оваа неспособност и криминал. Заев му ветуваше на народот брда и долини, а донесе само порази и разочарувања. Ветувањата за 500 евра плата и за 500 километри автопат беа лага. Наместо работа од бандата на Заев видовме само криминал и корупција. Наместо проекти видовме неспособност. Парите  наместо да се вратат кај граѓаните завршија во куферчиња Луј Витон и во рацете на политичари, обвинители и судии“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Експериментот наречен Заев доживеа тотално фијаско и заврши. На граѓаните им е јасно дека може многу подобро од ова пеколно секојдневие кое го живееме. На граѓаните им е јасно дека овој човек повеќе нема што да и понуди на Македонија и дека е време да одговара пред законите за сите злодела. Македонија мора да расчисти со транзициските политичари, со тандемот на транзицијата Заев – Шекеринска. Македонскиот народ е свесен дека борбата за слободата и правдата никогаш не запира. Секоја генерација има своја битка, а нашата е битка за обнова на Македонија“, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски