ВМРО-ДПМНЕ: Економијата заради СДС тоне, висока инфлација, зголемен трговски дефицит, голем јавен долг

Од:

Економијата заради СДС тоне, висока инфлација, зголемен трговски дефицит, голем јавен долг. Македонија со СДС ја има најголемата инфлација во Европа. Инфлацијата од 20% ги јаде примањата на народот, се вели во писмената реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

„Лага е дека има покачување на плати, тоа не е ниту порамнување. Реалноста е дека имаме пад на реалната плата. Тоа што пред две години граѓаните го купувале за 500 денари, сега не можат ниту за 1.000 денари. Лошите показатели од неработата на власта се насекаде. Трговскиот дефицит постојано се зголемува.

Јавниот долг со СДС достигна над 7.5 милијарди евра. Или за неколку години откако е власт СДС тој е зголемен за 3 милијарди, а нема никакви нови изградени проекти, ниту некој знае да каже каде заминаа тие пари. СДС немаат ниту концепт, ниту знаење како понатаму. Затоа треба предвремени избори час поскоро“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?