ВМРО-ДПМНЕ: ЕК да го осуди бруталното партизирање на државата од страна на СДСМ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ бара Европската комисија (ЕК) да остане доследна и да го осуди, како што истакнуваат, бруталното партизирање на државата од страна на СДСМ. Порачува дека започна партизацијата на администрацијата по принципот на Заев „од чистачка до директор“, бидејќи во еден ден се разрешени членовите на сите управни и надзорни одбори на јавните претпријатија, здравствени установи, центри за социјална работа, агенции и други правни лица.

– Стотици висококвалификувани луѓе беа отстранети од овие одбори за да се инсталираат партиските послушници на Заев и СДС, без воопшто да размислат какви може да бидат последиците од нивните аматерски и дилетантски акции штетни за државата. Со разрешувањето на сите членови на управниот одбор на Фондот за здравство, сега нема кој да одлучува во втор степен по жалба за лекување во странство. Односно, поради акцијата на Заев „од чистачка до директор“ за брутална партизација на државата, директно се загрозува животот на здравствените осигуреници, рече Емилија Александрова од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

Нагласи дека СДСМ сака да го измени законот за администрација, кој беше донесен во соработка со Европската комисија пред неколку години, и е подготвен да бара симнување на критериумите за да се биде член на Управен одбор или директор или вработен во јавен сектор, само за да ги партизира сите институции.

– Ваквите брутални штети и штетни акции беа предмет на осуда од Европската комисија во 2006 година. Според нив, вакви одлуки „влијаат на администрацијата од највисоко и средно менаџерско ниво и ја спречуваат употребата на меритократски систем за кариера, како што стои во извештајот од 2006 година. Затоа бараме Европската комисија да остане доследна и да го осуди бруталното партизирање на државата од страна на СДС и Заев, потенцира Александрова.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ