ВМРО-ДПМНЕ: Единствено што знае СДСМ е да копира туѓи проекти и со нив да се фали

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагира на писменото соопштение на СДСМ на тема земјоделие

„Граѓаните од владата на СДС единствено што видоа досега во овие неполни 3 месеци се укинувања, блокади и кратења на мерки.

СДС единствено што знае е да копира туѓи проекти и со нив да се фали.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше таа која беше критикувана од страна на СДС за нејзината помош кон земјоделците и прва која започна со проектот „Млад земјоделец“ што беше одлична можност за младите да започнат со производство и сопствен земјоделски бизнис.

СДС продолжува да ги манипулира граѓаните со празни и бледи соопштенија.

Граѓаните веќе го видоа вистинското лице на СДС и нема да дозволат да бидат излажани. Тие веќе ја видоа безобразната и лицемерна политика на СДС и за нивните погрешни политики ќе ги казнат на 15-ти октомври“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

ВМРО-ДПМНЕ: Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноски: Филипче сакал да му ја земе болницата на Жан Митрев, Обвинителство веднаш да го истражи случајот

А1он