ВМРО-ДПМНЕ: Двајца генерални секретари на влада осомничени за криминали до гуша, а премиерите чисти

Од:

Обвинението за поранешниот секретар на влада Мухамед Зекири покажува две работи, едната е дека владите на СДС се инкубатор за криминал, а втората е дека правосудните органи ги гонат селективно само спроведувачите, а не организаторите на криминалот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Нејасно е како може Зекири да биде обвинет за штета на буџетот од 1,5 милиони евра, а неговиот претходник генерален секретар на влада Рашковски за перење на пари и незаконски набавки, а притоа премиерите да бидат чисти. Постојат основани сомненија дека криминалите, за кои се товарат овие двајца, биле иницирани и спроведувани по насока на нивниот претпоставен или претпоставени. Правосудни апсурди.

Ете затоа народот има недоверба кон правосудството од 92%. Правосудните органи ја штитат главата на криминалот, а само кога не може да замижат пред очигледните докази за криминал, ги гонат пониските ешалони. И во таквите случаи поситните риби поминуваат со најмали можни казни“ – порачуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека мора да има одговорност.

„Одговорност за сите криминали на оваа власт на клептоманите од СДС мора да има, но од најниските спроведувачите до врвот на криминогената пирамида. Ако тоа не може да го спроведе ова обвинителство предводено од послушникот Јовевски, тоа ќе го спроведе некое друго ослободено и професионално обвинителство“ – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лотарија функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчеле за криминалот

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

ВМРО-ДПМНЕ: СДС намерно ја извртува јасната уставно-правна природа на Резолуцијата и продолжува со ширење паника

СДСМ: ДПМНЕ се мачи да го одвлече вниманието на граѓаните од најважното прашање – предавството на Македонија, мигранти за пари

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Горан Наумовски