ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се што украле од народот ќе треба да вратат

Од:

ДУИ е во паника затоа што зетот на Ахмети, семејството на Муса Џафери, синови на нивни поранешни функционери и Пуцко Петрол нема да можат да градат кај ќе стигнат Не знаеме што ги мотивира ДУИ да зборуваат за урбана мафија кога се зборува за одговорност на нивни функционери, но очигледно си ја бркаат мувата од капата. Ова соопштение на ДУИ е како народната поговорка – ем шуто, ем боде, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– ДУИ е во паника зошто зетот на Ахмети, семејството на Муса Џафери, синови на нивни поранешни функционери и Пуцко Петрол нема да можат да градат кај ќе стигнат. Кога ДУИ зборува за урбана мафија дали заборава на зетот на Ахмети, семејството на Муса Џафери и Пуцко Петрол? 7 години ДУИ ја држи урбаната мафија. Нема фирма која што гради, а да не е на некој начин поврзана со ДУИ. 7 години ДУИ направи градежен хаос и во Скопје и низ државата. ДУИ е во паника зошто нивните олигарси, како зетот на Ахмети, семејството на Муса Џафери, синови на нивни поранешни функционери и Пуцко Петрол нема да можат да дивеат како што замислувале. Нема повеќе дивоградби на Шар Планина, ниту пак на други места. А кога сме кај урбаната мафија нема веќе и Артан Груби да договара подизведувачи на патишта. Одговорност за се ќе има. ДУИ се што украле од народот ќе треба да вратат. Додека тие ја оставија државата ограбена, децата и од Тетово и од Штип се иселуваа. Тоа ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту народот ќе им го прости, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?