ВМРО-ДПМНЕ: Државниот инспекторат за локална самоуправа ја попречува демократијата, Уставниот суд мора да го отфрли ова решение

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на одлуката на државниот инспекторат за локална самоуправа.

„Заев по секоја цена сака да се спроведе нивната програма за доселување на мигранти.

Државниот инспекторат за локална самоуправа донесе крајно недемократска и скандалозна одлука со која се спречува одржување на референдуми и со тоа ја попречува демократијата во државата.

Државниот инспекторат за локална самоуправа е институција под контрола на Зоран Заев која очигледно по диктат мора да го блокира и оневозможува одржувањето на локалните референдуми за градењето на мигрантски населби и кампови кои ги планира владата согласно акцискиот план и стратегијата која ја донесоа.

Референдумот претставува најчист облик на демократија во кој граѓаните непосредно се изјаснуваат по прашања кои им се во директен интерес.

Референдумот е граѓанско и пред се уставно загарантирано право кое гледаме дека Заев со петни жили се обидува да им го оспори.

Тоа е недозволиво. Тоа говори за нискиот демократски капацитет на СДС. Тоа говори за стравот кој владее кај Заев и кај СДС од соочување со народот по вака важни прашања.

Одржувањето на референдуми во неколку општини во ист ден со локалните избори е единственото логично и рационално решение, бидејќи на тој начин се намалуваат трошоците за одржување и нема ништо спорно во таа одлука на општинските совети.

Граѓаните сега на дело го гледаат недемократскиот принцип на работа на Заев и СДС. Гледаме дека се повторува 2004 година која истата политичка партија и истите ликови повторно одат со нивната максима некои прашања не заслужуваат одговор.

Уставниот суд мора веднаш да го отфрли ова решение на државниот инспекторат, водејќи се согласно Уставот на Република Македонија. Никој не смее да им забранува на граѓаните да се произнесат за ова крупно општествено прашање во ист трошок со локалните избори. Стравот на СДС не смее да биде пречка“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија