ВМРО-ДПМНЕ: Државата нема да тргне ни чекор кон ЕУ и НАТО ако не се почитуваат правата на човекот

Од:

„Два месеци десетина македонски патриоти без никаков основ се наоѓаат во притвор.

Видни актери, уметници, режисери, архитекти, доктори и истакнати граѓани се прогласени за терористи без никаков аргумент. Тие се дел од еден монтиран прогон, во кој им се скратени елементарните права во постапката.

Два месеци кон нив немаше преземено никакво истражно дејствие, секојдневно им се погазуваат правата во истражниот затвор, а повеќе од десет дена ги чекаат решенија за притвор. Од ова јасно се гледа дека станува збор за монтиран процес против нив.

Правосудните органи наместо да се кренат над ситуацијата и да почнат да делуваат според закон и Устав продолжуваат да делуваат под страв и ги легитимираат ваквите законски кршења и нечовечко однесување на државните органи со своите општествени дејци.

Прекршувањето на правата во Македонија ќе остане запаметено во светската правна литература како злоупотреба на институциите за партиски цели во 21 век.

Демократскиот свет не може да сфати како еден Дурловски и Јовановски можат да бидат прогласени за терористи и измачувани во притвори. Ниту една друга држава не влече по притвор човек кој целиот свој живот го посветил на безбедноста на државата. Во ниту една цивилизирана држава доктори не лежат во притворски ќелии. Ниту една цивилизирана држава не ги затвора своите општествени дејци само затоа што се политички неистомисленици.

Политичкиот процес против Дурловски, Јовановски, Илиевски, Чавков, Дамовски, Арнаудов, Василевски, Мукоски и останатите ќе остане срам за Македонија и показател како не треба да функционира правосудството.

Државата нема да тргне ни чекор напред кон ЕУ и НАТО се додека не се почитуваат елементарните права на човекот. Правосудните органи во интерес на Македонија и иднината на државата мора да соберат сили и да ја вратат правната државата. Власта мора да запре со законските и институционални злоупотреби во интерес на функционалноста на државата и довербата на граѓаните во неа.

Политичкиот реваншизам и малтретирање на луѓе кои размислуваат поинаку од СДСМ мора да запре“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ