ВМРО-ДПМНЕ: Планот 3-6-9 е клинички мртов

Од:

„Државата тоне и на политички и на економски план. Највисоките државни и национални интереси за СДСМ се само уште една карта со која се коцкаат.

На економски план државата колабира. Додека сите економии растат, БДП во Македонија стагнира. Платите не мрдаат, животот станува поскап, а стандардот паѓа.

Расне само корупцијата и таа ги брка странските инвеститори да бараат подобра клима во соседството.

Планот 3-6-9 е клинички мртов. Затоа СДСМ после едно соопштение сфатија дека ја утнале, па испратија корекција во која си дадоа нов рок.

СДСМ ветуваше реформи во правосудството, во безбедносните служби и во администрацијата, но останаа само празните зборови.

Нема 100.000 денари плати за лекарите и 30.000 денари просечна плата.

Нема нови 500 километри автопат, а не можат да ги завршат ни започнатите.

Нема враќање ниту на 600.000 иселени од Македонија.

Неуспесите не се покриваат со соопштение дека се задоволни од реформите, кога граѓаните се посилно го чувствуваат назадувањето.

Наместо подобрување на стандардот на граѓаните Заев и СДСМ ја одземаа и правната сигурност, а удрија и по џебот.

Ја покачија акцизата на дизел горивото. Ако ова е реформа, кој е бенефитот за граѓаните од истата?

Се фатија и за персоналниот данок, па сакаат да удрат и по џебовите на младите кои работат во ИТ секторот. Вака сигурно нема да ги задржат и да ги привлечат назад оние кои што си заминале.

Единствен успех Заев има врз ставањето на судот под сопствена контрола и подредена положба со што го уништи неговиот углед и ја сруши доверба кај граѓаните.

Преку судот се врши политички прогон, а патоказ за тоа се неоснованите обвиненија и притвори.

Единствена цел имаат да ги заплашат сите кои што си ја сакаат државата и да го остават Заев да ги крши Уставот и законите.

Судовите не смеат да бидат понижувани, деградирани и уценувани, како што е сликата денес во целиот правосуден систем. Судот мора да се ослободи од притисокот и да суди врз основа на аргументи.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање