• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Дописот од МТСП од 2011 е за социјални станови за социјално необезбедени лица или лица раселени во Македонија

by А1он21/08/2017 - 23:04101
Share0

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на објавата на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ планирала изградба на станови за бегалците уште во 2011. година.

Добивај вести на вибер

Тие пишуваат дека Владата на СДСМ и дел од медиумите се обидуваат да го оттргнат вниманието од нивната стратегија за трајно населување во Република Македонија на илјадници мигранти.

Владата на СДС преку министерството за труд и социјална политика и министерката Царовска има испратено дописи до општините во кои се бара обезбедување на локации за изградба на објекти за домување кои ќе бидат за населување на мигранти, се вели во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, медиумите, пренесувајќи го Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, манипулираат со дописи од МТСП од 2011-та година, кои што првенствено се однесуваат за изградба на социјални станови, за социјално необезбедени лица, или лица кои се раселени во Република Македонија, а потекнуваат од косовскиот конфликт од 90-тите, а не за мигранти од Сирија, случаи кои тогаш и не беа проблем по интензитетот како што се сега. Владата на ВМРО-ДПМНЕ изминативе 6 години, откако е испратен дописот со кои манипулира Генералниот секретар на Владата Рашковски, не изградила ниту еден објект за населување на мигранти.

СДСМ, Заев и Царовска треба да одговорат како ќе им обезбедат работа и егзистенција на десетиците илјади мигранти кои планираат да ги доселат во Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ и прашуваат дали лицата кои ќе се доселат ќе имаат бесплатно здравство, бесплатно образование на штета на граѓаните на Република Македонија.

На крајот на соопштението ВМРО-ДПМНЕ повикува на одговор на прашањата околу „Стратегијата за мигранти, бегалци и странци 2017-2020 година“.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он24/01/2026 - 13:3924/01/2026 - 13:27

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он24/01/2026 - 12:4424/01/2026 - 14:35

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

Горан Наумовски23/01/2026 - 12:38

ВМРО-ДПМНЕ: Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите

Горан Наумовски20/01/2026 - 09:40

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски20/01/2026 - 09:0620/01/2026 - 09:07

(ВИДЕО) Стојаноски: Филипче сакал да му ја земе болницата на Жан Митрев, Обвинителство веднаш да го истражи случајот

А1он17/01/2026 - 16:3317/01/2026 - 18:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен