ВМРО-ДПМНЕ: Додека војниците чекаат нова опрема, Шекеринска троши 5.000 евра на грицки

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

„Набавки на лешници и фрлање пари за вработување на партиските послушници, наместо подигнување на стандардот на вработените во одбраната и брзиот влез во НАТО кој го ветуваа.

Ова е катастрофалниот резултат од 100 дневното расипништво на Радмила Шеќеринска во Министерството за одбрана.

СДС целосно го партизира министерството за одбрана, Шеќеринска уште во првите неколку дена од стапувањето на функција си вработи советници на високи плати иако во министерството постои доволен број на вработени. Шеќеринска преку министерството за одбрана ја манифестира нејзината потреба за луксуз и раскош.

Шеќеринска троши без усул и само за набавка на апетисани одвојува 5.000 евра од парите на граѓаните. Додека граѓаните со 5.000 евра годишно хранат цели фамилии Шеќеринска истата таа сума ја троши на грицки.

Додека војниците во касарните чекаат нова опрема, обувки и униформа, Шеќеринска троши 5.000 евра на луксуз.

СДС во текот на предизборниот период ветуваше дека парите на граѓаните нема да бидат трошени на непотребни набавки сега го гледаме токму спротивното. Шеќеринска во 100 дена како министер за одбрана не отпочна нити направи некој посериозен проект.

Шеќеринска покажа дека нема никаква намера да ја унапреди одбраната, туку единствено се грижи за нејзиниот личен комодитет.

Граѓаните го гледаат ваквото расипништво на врхуншката на власт и за ваквото работење ќе ги казнат на претстојните избори на 15-ти октомври“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија