ВМРО-ДПМНЕ: Додека се простуваме од роднини, соседи и пријатели, Заев ги граба парите од граѓаните

Од:

„СДСМ во налетот на предизборна корупција која ја почнаа во првите три месеци од почетокот на годината до денес потрошија 120 милиони евра повеќе од што собрале во буџетот.

СДСМ само во првите три месеци го задолжи секое македонско семејство за 15.000 денари. Грабежот кој СДСМ го спроведува е полош и со поразорни последици за државата дури и од тој во транзицијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Буџетската дупка е двојно поголема од тоа што била до сега, односно во годините 2017, 2018 и 2019 година.

Алчноста и корумпираноста на СДСМ не донесоа во тешка економска состојба за време на криза. Само во месец март, кога и почна кризата, буџетската дупка е 50 милиони евра.

Падот на БДП од 4% како што прогнозира ММФ уште толку ќе ја влоши економската состојба.

Доколку СДСМ вака продолжи буџетската дупка до крајот на годината ќе изнесува над 1.3 милијарди евра. Тоа се пари кои владата ќе треба да ги позајми, а нема да бидат потрошени ниту на развој, ниту на заживување на економијата, туку само на гол опстанок.

СДСМ ја девастираше економијата. Последиците се несогледливи“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски