ВМРО-ДПМНЕ: Додека има летови, во контролата за летови ДУИ дели тупаници на Албанци неистомисленици

Од:

Банда партиски војници на ДУИ влегле во зградата на М-НАВ и нападнале контролори на летање Албанци затоа што дале поддршка на синдикатот против партиските вработувања. Кога Ахмети пее во кабинетот на Груби и си прави журка, во друга државнa институциja баграта на ДУИ дели шлаканици на Албанци зошто се солидаризирале со синдикатот, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е вистинското насилничко и криминално лице на лажните европејци од ДУИ и СДС. Делење тупаници на синдикалци ли е европскиот сојуз на СДС-ДУИ за кој овие две партии се залагаат? Во која друга европска држава има ваков скандал? Најостро го осудуваме овој вандалски и криминален чин на ДУИ и СДС. И сега ли одговорот за овој скандал на Ковачевски ќе биде прашајте ја надлежната институција или ќе преземе конкретни мерки?

Дали со ова е доведен под ризик авио сообраќајот во државата? Додека има летови, во контролата за летови се делат тупаници. Каде е сокриен безличниот министер за транспорт и врски Бочварски? Ќе каже ли ништо? И на Албанците им прекипе од ДУИ. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми