ВМРО-ДПМНЕ: Додека 460 илјади граѓани живеат во сиромаштија, Заев вработува нов советник во владата

Од:

„Владата на СДСМ продолжува со криминалното и расипничко работење. Одродената и криминална власт предводена од аболицираниот Заев безмилосно ги троши парите на граѓаните со една и единствена цел да ги задоволи апетитите на партиските послушници.

Додека 460 илјади граѓани во Македонија живеат во сиромаштија, Заев повторно вработува нов советник во владата, а за иронијата да биде поголема тој ќе го советува за социјални прашања. 22 отсто од граѓаните живеат со по еден оброк дневно, а Заев парите на граѓаните ги троши за исплата на своите партиски послушници.

Дури 33 од 57-те советници на Заев не доаѓаат на работа, односно седат дома и земаат плата. Ниту армијата од советници не успеа да ја спаси Македонија од елементарната непогода олицетворена во криминалниот картел на чие чело е Зоран Заев.

Македонија тоне на секое поле, a Љубе Бошковски не успеа да привлече ниту една странска инвестиција. Ленче Николовска не успеа да ја зголеми откупната цена на јаболката во ресенско од 1 денар за два килограми, а земјоделците наместо да го продадат во знак на протест по автопатите го фрлаа својот род.

Марјан Забрчанец наместо да ја зголеми транспарентност на Владата, се бави со лаги и манипулации на граѓаните и покривање на киксовите на власта. Ниту Александар Обрадовиќ заедно со неговите српски мешетари не успеа да ја спаси македонската економија од колапс.

Цветанка Ласкова единствено беше успешна во обезбедувањето над 300.000 евра за нејзината снаа.

Владата мора да одговори колку пари годишно троши за советниците на Заев? Резултатот го гледаме. Најслаба економија во регионот и Европа, криминални тендери, континуирано ограбување на народот, енормно задолжување на државата и комплетен крах на капиталните инвестиции. Овие резултати се достојно достигнување само за некое мафијашко здружение. Овие резултати се срам за која било влада. Ваквото расипничко трошење на парите на граѓаните мора да запре! Аболицираниот Зоран Заев и криминалниот картел околу него мора да си заминат“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито