ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да ги провери информациите за имотната состојба на Жерновски

Од:

ВМРО-ДПМНЕ ја повикува Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) да го разгледа случајот со имотната состојба на кандидатот за градоначалник на општина Центар Андреј Жерновски, за кого медиумите тврдат дека сокрил и не пријавил имот, и да се произнесе во јавноста, бидејќи граѓаните заслужуваат да ја знаат вистината.

– Според изнесените информации во медиумите Андреј Жерновски криел дека се стекнал со удел во недвижнина, на улицата Петар Драпшин број 39 во Центар. Нашите сомневања се дека освен посочениот имот крие дека поседува и други недвижнини, кои не ги навел во анкетниот лист. Должен е да објасни на кој начин како актуелно невработен граѓанин, успеа да се стекне со толку голем капитал, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Бичиклиски на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека Жерновски во два наврати, во 2006 кога станува пратеник, но и во 2008 година, кога по предвремените парламентарни избори повторно е реизбран, не го навел целиот имот  кој го поседува.

– Дали овој имот е стекнат на незаконски начин и затоа се обидува да го сокрие. Ако Жерновски ја криел оваа куќа, сомневањата се дека тој можеби крие и друг имот, рече Бичиклиски.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада