ВМРО-ДПМНЕ: Динески не знае што зборува

Од:

„СДСМ тврдеше дека при изработката на програмата на локалните избори ќе ги прашувале и посетувале граѓаните, а денес Менде Динески во Битола излезе со однапред готови предлог проекти, кои од далеку се препознава дека се напишани од Скопје, во некој од кабинетите на СДСМ“.
Вака реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Битола, Менде Донески.

„Менде Динески се занесе во предлагањето проекти, па вети дека како кандидат за градоначалник ќе ја намалел цената на струјата за 40%, а не објасни како тоа ќе го направи. Како планира како градоначалник да намалува струја и од каде го извади процентот кој го предлага. Пак лажат и тоа лажат дрско.

Очигледно Менде Диневски денес не знаеше што говори. Него му беше важно по секоја цена да ја исполни партиската директива од Скопје и да излезе пред медиумите. Ваков кандидат за градоначлник Битола и битолчани не заслужуваат. Ако сега Динески вака почна да се претставува, можеме само да замислиме што ќе каже и излаже за време на изборната кампања“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ